Македонските компании ќе заштедат 3 милиони евра енергија во 2012 година

Bez autora
Jan 24 2012

Програмата на ЕБОР/ЕУ (WebSEFF) за финансирање проекти за одржлива енергија за Западен Балкан во Македонија има поддржано вкупно 15 проекти во висина на задолжувања над 4,4 милиони евра. Како што соопшти Канцеларијата на WebSEFF во Скопје, вкупните годишни заштеди за сите проекти се проценети на приближно 3 милиони евра, додека просечниот повраток по инвестиција за проектите од енергетска ефикасност (ЕЕ) е три години, а за обновливи извори (ОИ) нешто повеќе од четири години. Периодот на повраток значително се намалува со готовинскиот грант за успешно реализиран проект од 15 или 20 проценти во зависност од видот на инвестиција. Овие компании - пионери во инвестирањето во ЕЕ и ОИ, ќе отворат нови можности за зголемена конкурентност на македонските производи, локално и во поширокиот регион.

Македонските компании ќе заштедат 3 милиони евра енергија во 2012 годинаПрограмата на ЕБОР/ЕУ (WebSEFF) за финансирање проекти за одржлива енергија за Западен Балкан во Македонија има поддржано вкупно 15 проекти во висина на задолжувања над 4,4 милиони евра.

Како што соопшти Канцеларијата на WebSEFF во Скопје, вкупните годишни заштеди за сите проекти се проценети на приближно 3 милиони евра, додека просечниот повраток по инвестиција за проектите од енергетска ефикасност (ЕЕ) е три години, а за обновливи извори (ОИ) нешто повеќе од четири години.

- Периодот на повраток значително се намалува со готовинскиот грант за успешно реализиран проект од 15 или 20 проценти во зависност од видот на инвестиција. Овие компании - пионери во инвестирањето во ЕЕ и ОИ, ќе отворат нови можности за зголемена конкурентност на македонските производи, локално и во поширокиот регион - истакнува Јасминка Капац, координатор на Канцеларијата во Скопје.

Трите проекти од обновливи извори на енергија, од кои два на Скопски пазар", своите енергетски заштеди ги темелат на поставување на геотермални топлински пумпи, додека Тинг иноксс од Кочани ќе постави сончеви колектори за загревање на санитарна топла вода како засилување на мерките за енергетска ефикасност.

Проектите се пласираат од страна на банките учеснички во Македонија меѓу кои Охридска банка - Сосиете женерал, Халкбанк и НЛБ Тутунска банка. WebSEFF во регионот поддржа 61 проект во висина од околу 31 милиони евра што ја прави најповолна програма за финансирање одржливи решенија во регионот на Западен Балкан.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik